Галатасарај има интерес да го донесе во своите редови непотребниот играч на Манчестер Јунајтед, Дони ван де Бек. 26-годишниот Холанѓанец се појави на само два меча на „Црвените ѓаволи“ оваа сезона во кои одигра само 21 минута.
Менаџерот Ерик тен Хаг веќе потврди дека на Ван де Бек му е дозволено да го напушти „Олд Трафорд“ во јануари, а според турското издание „Sporx“, Галатасарај сака да го искористи тоа. Се очекува турскиот гигант да испрати понуда уште првиот ден од зимскиот преоден рок, а претставници од клубот веќе разговарале со агентите на играчот.
Ван де Бек му се приклучи на Манчестер Јунајтед од Ајакс во 2020 година, но не ја оправдува довербата на ниту еден од менаџерите на „Црвените ѓаволи“. Тој беше блиску до трансфер во Реал Сосиедад во летниот преоден рок, но трансферот пропадна во последен момент.
Дома Меѓународен фудбал Англија Фудбалер на Манчестер Јунајтед ќе ја рестартира кариерата во Турција