Уште еден одличен настап на нашата најдобра ракометарка Сара Ристовска во дресот на ЦСКА Москва. На денешното гостување кај Динамо Синара, тимот од Москва успеа да победи со 19:29 (9:18). Она што за нас е поважно е тоа дека македонската репрезентативка успеа да постигне четири голови од исто толку обиди, значи била стопроцентна на овој меч.
Да споменеме дека Сара на овој меч го имаше своето враќање во дресот на ЦСКА Москва откако пропушти неколку средби поради повреда.