Проблемот со повредите во Реал Мадрид никако да заврши. Последен на листата повредени е Дани Карвахал.
Шпанскиот клуб известува дека дефанзивецот ќе биде надвор од теренот поради повреда на потколеницата, но не е наведено колку време ќе му треба да се опорави пред да се врати во тимот.
Фабрицио Романо пишува дека Карвахал ќе ги пропушти сите мечеви до крајот на 2023 година и дека дефанзивецот ќе се врати дури а големото градско дерби со Атлетико Мадрид во Суперкупот на 10 јануари.