Гостивар им објави „војна“ на судиите: Ако продолжат да судат пристрасно ќе стоиме на теренот!

769

Фудбалскиот прволигаш Гостивар излезе со соопштение во вид на фудбалски манифест револтирани од судењето на нивните натпревари. Според објавата на социјалните мрежи од ФК Гостивар велат дека се разочарани од судењето кое ги „тера луѓето да губат интерес за фудбалот!“

„Доста е! Нема повеќе да молчиме! Ќе одговориме на скандалите (со скандали). Секоја недела губиме бодови поради пристрасни одлуки на судиите. Нашиот тим кој е непоразен на последните 10 натпревари има потешкотии да се натпреварува само со судиите, а не и со противниците. Имаме недосудени пенали, неправедни пенали против нас. Доделени голови со 2 метри офсајд за нашите противници. Картони, дури и фаули, кои не се досудени и по повреди на нашите играчи. Нашите противници се охрабруваат да играат поостро против нас, бидејќи судиите не им судат фаули. Затоа, најголемиот дел од нашите играчи се повредени во моментов“, се вели во дел од соопштението.

Од ФК Гостивар се заканија дека доколку судиите продолжат со пристрасно судење фудбалерите ќе застанат и ќе стојат на теренот без да играат. Ж

„Доколку повторно бидеме сведоци на некакви пристрасни судии, нашите играчи нема да се помрднат во текот на целиот натпревар, бидејќи не вреди залудно да се заморуваат и да го ризикуваат своето здравје“, дополнуваат.

ПретходноПех и за Њукасл: Поуп мора на операција на рамото, пауза најмалку 5 месеци
СледноЧеферин: Зимско светско првенство – никогаш повеќе!