Американците без Бредли Бил на ЛОИ во Токио?

171

Американците можат да останат без Бредли Бил за Олимписките игри во Токио, откако утрово стана јасно дека кошаркарот влезе во здравствените и безбедносните протоколи во таборот на САД поради Ковид-19.

Според извештајот на „Атлетик“ неговиот статус во моментов е непознат, иако тој веќе беше дел од првите три контроли на Американците во пресрет на Игрите.

Засега нема дополнителни информации за изолацијата, но останува да се почека последната одлука на Попович дали тој ќе биде заменет пред патувањето во Јапонија.

ПретходноУште еден екс-вардарец се раздели со Веспрем
СледноЛиверпул нема намера да плати 64 милиони фунти за Тилеманс