Рипче меѓу ајкули – новиот аргентински прволигаш го има најмалиот стадион

1059

Сензација во Аргентина, Депортиво Риестра за првпат во историјата ќе игра во најсилната аргентинска фудбалска лига. За тоа се избори со саботната победа над Депортиво Маипу во финалето на плеј-офот за пласман во елитата за наредната сезона.

Риестра е од Бајо Флорес, област во Буенос Аирес. Игра на стадионот „Гиљермо Лаца“ кој е отворен во 1993 година, со капацитет од само 3000 места. Тоа е најмалиот стадион на кој ќе се играат натпреаври од најсилната аргентинска лига, соборувајќи го од листата стадионот „Клаудио Тапиа“ на фудбалскиот клуб Баракас.

Инаку клубот постои од 1929 година, од тогаш се почетоците на формирањето, а од 1931 година и официјално стартува како клуб учествувајќи во локални шампионати. Во 2024 година првпат ќе заигра во аргентинската Лига професионал.

ПретходноФА покрена постапка против Сити, но не и против бесниот Халанд
СледноКлајверт не е повеќе тренер на Адана – издржа само 20 меча