Фудбалската асоцијација на Англија официјално покрена постапка против Манчестер Сити за случувањата на мечот со Тотенхем (3:3). Причината е што клубот не ги контролирал своите играчи во последните секунди од дербито кога играчите на клубот го опколија судијата Сајмон Хупер.
Судијата прекина една акција на Сити која лесно можеше да биде претворена во гол. Причината е претходен фаул врз Ерлинг Халанд кој го издржа дуелот, а во убава шанса за најде Грилиш. Сепак, судијата го прекина нападот.
Ова буквално ги разбесни домаќините, а на протестите најжесток беше Ерлинг Халанд. Судијата го опколија и Рубен Диас, Матео Ковачиќ, Родри и Едерсон.
Најверојатно „граѓаните“ ќе бидат казнети со петцифрена сума.
Сепак, ФА не покрена никакви обвиненија конкретно против Ерлинг Халанд, иако претходно имаше сугестии дека Норвежанецот може да биде казнет поради неговата неумерена реакција и за неговиот коментар на социјалната мрежа „Х“.