Уште еден екс-вардарец се раздели со Веспрем

599

Рожерио Мораес следната сезона нема да го носи дресот на Веспрем. Унгарскиот тим на својата официјална страница соопшти дека Бразилецот по завршувањето на ЛОИ во Токио нема да се врати во клубот.

Поради фамилијарни причини, Мораес нема да го доврши договорот со унгарскиот тим. Тој во редовите на Веспрем дојде во 2019 година.

Ова е трет екс-вардарец кој нема да биде дел од составот следната сезона. За разлика од Мораес, кој принудно ја донел оваа одлука, челниците на Веспрем претходно им се заблагодарија на Вуко Борозан и Данил Шишкарев.

ФОТО: Веспрем

ПретходноУЕФА објави кој е најубавиот гол на Еуро 2020 (ВИДЕО)
СледноАмериканците без Бредли Бил на ЛОИ во Токио?