Клајверт не е повеќе тренер на Адана – издржа само 20 меча

276

Два дена по поразот од Самсун (2:3), што беше четврти меч по ред без победа, турскиот суперлигаш Адана Демирспор го отпушти холандскиот тренер Патрик Клајверт. Некогашниот холандски ас на клупата на Адана издржа само 20 натпревари.

Летоска добро тргна во квалификациите за Лигата на конференции, но испадна од Генк на пенали. Имаше добар старт и во турската Суперлига, а потоа екипата „заринка“, три ремија и сега пораз од Самсун и пад на петтото место беа причина раководството да побара нов тренер.

ПретходноРипче меѓу ајкули – новиот аргентински прволигаш го има најмалиот стадион
СледноНиколиќ пред мечот со Пелистер: Во Битола нѐ очекува бучава и студена сала