Николиќ пред мечот со Пелистер: Во Битола нѐ очекува бучава и студена сала

236

Ракометарите на Пелистер во четврток ќе играат против Загреб во последниот меч за оваа година во Лигата на шампионите. Во Битола доаѓа хрватскиот првак предводен од Андрија Николиќ во отсуство на првиот стратег Ненад Шоштариќ.

Тие се последни на табелата и досега не освоија бод, но тоа навистина не го опишува нивниот квалитет. Еурофарм Пелистер е опасен тим, особено кога игра дома. Никој не победил лесно во Битола, секој натпревар бил многу неизвесен. Така што, очекувам навистина тежок натпревар, и поради квалитетот на противникот и поради домашните навивачи, пред кои секогаш е тешко да се игра. 

Го сменија тренерот, но играта главно остана иста. Разликата е во Кузмановск, кого го доведоа и кој е многу важен во нивната игра. Имаат добри голмани, многу добар пивот. Мораме да го сопреме нивниот контранапад и се надевам дека ќе се прилагодиме на сите услови. Таму е бучно, но и студено. Ќе ни треба смиреност на тој натпревар.“, посочи Николиќ.

ПретходноКлајверт не е повеќе тренер на Адана – издржа само 20 меча
СледноЦрногорките ја совладаа Унгарија за 100% ефект во групата