Црногорките ја совладаа Унгарија за 100% ефект во групата

208

Вечерва се одиграа дел од натпреварите од третото, последно коло од првата фаза на Светското ракометно првенство за жени кое се игра во Норвешка, Шведска и Данска. Селекцијата на Црна Гора има максимален ефект со три победи од исто толку натпревари по вечерашниот триумф над Унгарија со 24:18.

Па така Црна Гора го освои првото место, а Унгарија второто. Камерун е трет по триумфот над Португалија и исто така ќе оди во наредната фаза.

И Норвешка, Германија, Холандија, Шпанија и Франција имаат 100% ефект во своите групи по три одиграни меча. Французинките славеа над Словенија со 31:27.

РЕЗУЛТАТИ
АНГОЛА – ИСЛАНД         26:26
АРГЕНТИНА – КОНГО     31:26
ЈАПОНИЈА – ИРАН           42:10
КАМЕРУН – ПАРАГВАЈ   26:23
ЦРНА ГОРА – УНГАРИЈА 24:18
ХОЛАНДИЈА – ЧЕШКА    33:20
ГЕРМАНИЈА – ПОЛСКА  33:17
ФРАНЦИЈА – СЛОВЕНИЈА            31:27

 

ПретходноНиколиќ пред мечот со Пелистер: Во Битола нѐ очекува бучава и студена сала
СледноТорино и нанесе тежок пораз на Аталанта