Бјелица го носи капитенот на македонската репрезентација во Бундес-лигата?

1968

Ненад Бјелица од неодамна е тренер на Унион, клуб кој минатата сезона беше хит во германскиот шампионат, а овој е во тешка мисија да го задржи прволигашкиот статус. Бјелица одлучи да ја прифати понудата на клубот и да ја преземе таа задача, а негова желба е да ги доведе играчите на кои верува дека може да се потпре во постоечкиот кадар.

Турските медиуми пишуваат дека сакаат да го доведат македонскиот репрезентативец Енис Барди од Трабзонспор. Двајцата добро соработуваа во минатото кога токму Бјелица го водеше клубот, по што Барди играше се помалку. На последните четири натпревари тој се појави само еднаш и собра само 15 минути.

Според турските медиуми, Унион Берлин веќе стапил во контакт со Трабзонспор околу евентуален трансфер.

ПретходноУЕФА го продаде финалето на ЛШ за 2,2 милијарди евра!
СледноШампионот се засилува со искусниот стопер Александар Игњатовиќ?!