Алкалоид со победа ја заврши својата дебитанската сезона во Европската лига. На домашен терен момците на Кирил Лазаров го совладаа тимот на Ла Риоха со 28-27 и завршија како третопласирани во групата.
На голот царуваше младиот голман, Иван Галевски кој мечот го заврши со 17 одбрани, додека пак Марко Митев зад своето име запиша десет гола, два од нив во решавачките моменти.
Дефинитивно двајцата имаат потези за најавни шпици, а веруваме дека ќе се најдат во изборот на ЕХФТВ за најдобрите потези.
Уживајте во дел од нивната магија…
View this post on Instagram