У-19: Македонија е домаќин на турнирот во елитните квалификации за пласман на ЕП!

960

Познато е дека на денешната ждрепка во Нион, во елитната квалификациска рунда У-19 селекцијата на Македонија се падна во 7.група а за ривали ги доби селекциите на Швајцарија, Украина и Летонија.Познато е исто така дека само првопласираниот ќе избори учество на ЕП кое се игра летото следната година.

Уште една добра вест од Нион е дека Македонија ќе биде домаќин на овој турнир кој се игра од 18 до 26 март во групата – 7.

Ова го потврди техничкиот секретар на младинските селекции Никола Зердески, кој присуствуваше на денешната ждрепка во Нион.

Мислам дека имаме добра група, а добро е тоа што ние сме домаќини на турнирот, така сакаше ждрепката. Ќе се игра во Скопје или Струмица од 18 до 26 март. Сега ќе мораме да се ораганизираме и овој турнир, вообичаено кога станува збор за ФФМ, да го оранизираме на највисоко ниво. Да кажам дека се закажани две пријателски средби со У-19 селекцијата на БиХ и двете во Скопје, а ќе се играат на 26 и 28 февруари“ истакна Зердески.

Значи У-19 селекцијата има убава шанса, како домаќин, преку елитните квалификации на турнирот на кој Македонија е домаќин, да избори пласман на ЕП 2024 во С. Ирска.

Ние веруваме во оваа наша одлична генерација предводена од селекторот Тони Јакимовски.

ПретходноЗагреб е нова шанса за Е. Пелистер за прва победа во Лигата на шампионите
СледноКлоп: Кој ќе ја освои титулата? За тоа прашајте ме во април!