Меси потврдува: Малку недостигаше и јас да заминам во С. Арабија!

299

Откако не се врати во својата Барселона, Лео Меси по заминувањето од ПСЖ се пресели во САД, во тимот на Интер Мајами кој се натпреварува во МЛС. Пред да стави потпис за тимот од Мајами пред неколку месеци во јавноста се шпекулираше дека тој имал понуда од С. Арабија вредна 1,2 милијарди долари за двегодишен договор.

Сепак Лео замина во САД.

А дека имало разговори преговори, дека постоела шанса и тој да замине во С. Арабија, како Кристијано Роналдо, Карим Бензема, Садио Мане и други светски фудбалски ѕвезди:

Моја прва опција беше да се вратам во Барселона, сакав, но ете не се успеа во тоа. Потоа долго размислував дали да ја прифатам понудата од С. Арабија. Тоа беа две опции, С. Арабија или САД и се решив за втората. Сепак треба да се каже дека ја познавам С.Арабија, знам дека тие направија едно квалитетно натпреварување, во блиска иднина може да стане важна лига во светскиот фудбал. Малку недостигаше и јас да заминам во С. Арабија“ изјави Меси.

ПретходноДобра вест за Пеп: Сити добива големо засилување!
СледноАстон Вила со победата над Сити собори клупски рекорд стар 92 години!