Поради титулата во Серија А која донесе по цели 33 години заедно со Кварадона, Осимен, Елмас и останатите, но и поради се она што направи за градот под Везув, Лучиано Спалети е прогласен за почесен граѓанин на Неапол.
Некогашниот стратег на Наполи и сегашен селектор на Италија, денеска беше свечено примен од градските власти а тука беше секако и претседателот на клубот, Аурелио Де Лаурентис кој истакна:
“После ова веќе не смее да не изневери“ рече покрај другото првиот човек на Наполи.