Екипата на Силекс вечерва од 19:00 часот на гостински терен против тимот на Петрокуб од Молдавија ќе се обиде да избори пласман во следното квалификациско коло од Конференциската лига.
Избраниците на тренерот Горазд Михаилов се пред голем предизвик затоа што имаат активен резултат од првиот меч кога во Скопје одиграа 1:1.
Правилото гол во гости повеќе не важи, се тргнува што се вели од 0:0, но тоа на Силекс ниту му ја олеснува ниту му ја отежнува работата. Треба само Кратовци да се држат до зацртаниот план, да пробаат да се одбранат, а потоа со брзи контра напади да се обидат да го загрозат противничкиот гол.
Молдавците не се наивни, во Скопје создадоа неколку ситуации за гол, во кој Даниел Божиновски успешно интервенираше. Сепак, и Силекс убаво се закани на неколку пати, па ајде и вечерва, нека Кратовци постигнат први гол како во Скопје, а потоа се ќе биде полесно.