Екипата на Шкупи во рамките од првото квалификациско коло од Конференциската лига вечерва на Косово, против тимот на Лаци, го игра реваншот дуелот откако во Скопје триумфираше против овој ривал со 2:0.
Иако Чаирчани имаа и тоа како солидна предност, сепак, ниту за момент не треба да се опуштат. Екипите од Косово се многу незгодни на домашен терен и ран погодок за домаќинот ќе значи пекол во остатокот од мечот за Шкупи.
Токму затоа, стратегот на Шкупи, Гоце Седлоски најави денеска беспоштедна битка за секоја топка, однос на терен како воопшто да се нема предност од првиот меч и создавање на поволна ситуација за поминивање во следната фаза.
Мечот стартува од 20:00 часот.