Милан е подготвен да започне преговори со менаџерот на репрезентативецот на Гвинеја Серху Гираси (27). Станува збор за напаѓачот на Штутгарт кој сезонава постигна 18 гола на 13 настапи и додаде две асистенции.
Со 16 гола моментално е трет најдобар стрелец во Европа (зад Хари Кејн од Баерн и Сантијаго Хименез од Феенорд со 18 гола) и четврти во светот.
Според информациите Милан би можел да го добие за само 17,5 милиони евра бидејќи во договорот има таква откупна клаузула.
Од италијанскиот тим неколку пати го гледале напаѓачот од Гвинеја, но „росонерите“ не се единствените кои го сакаат овој фудбалер. За него се заинтересирани Јунајтед, Њукасл и Рома.
Договорот на Гираси со Штутгарт е до летото 2026 година. Трансфермаркт неговата вредност ја проценува на 40 милиони евра.