Тен Хаг: Сите ми велеа дека нема да успеам со Јунајтед

2028

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег, призна дека бил предупреден од пријателите и семејството дека нема да успее на „Олд Трафорд“, но предизвикот бил голем. Во својата прва сезона во клубот, тој ја прекина шестгодишната трофејна суша со освојувањето на Лига купот. Оваа сезона, сепак, Холанѓанецот се најде под притисок поради неубедливите игри и фактот дека Јунајтед е на дното во групата во Лигата на шампионите и има уште едно коло до крајот.

„Сите ми велеа: „Не можеш да успееш во оваа работа“. Тие рекоа дека е невозможно. Но, јас го сакав предизвикот. Знаев дека нема да биде лесно, но тоа е голем клуб со голема база на навивачи. Или го сакаат Манчестер Јунајтед или се против Манчестер Јунајтед. Сакам такви клубови. Така беше и со Ајакс“, изјави Тен Хег.

Во секој момент во клубот треба да влезе Сер Џим Ретклиф, кој ќе стекне 25% од сопственоста. Тен Хаг брзо ги олади очекувањата на навивачите дека тоа веднаш ќе му обезбеди на Холанѓанецот сериозни средства за селекција во јануари.

„Мислам дека нема да потрошиме многу пари во јануари. Мораме да бараме подобрување и доколку клубот најде финансиски реални можности кои одговараат на финансискиот фер-плеј, треба да ги искористи. Но, генерално, обично е тешко да ги донесеме најдобрите играчи до јануари“.

ПретходноТретиот најдобар стрелец во Европа на радарот на Милан
СледноКопа Америка ветува спектакл: Познати се групите, ќе има одлични мечеви!