„Црвените“ утре сигурно без МекАлистер, Алисон има шанси да застане на голот

233

Играчот од средниот ред на Ливерпул, Алексис МекАлистер, речиси сигурно ќе го пропушти утрешното гостување кај Кристал Палас, откако заработи повреда за време на неделниот дуел со Шефилд Јунајтед. Сепак, Алисон Бекер е далеку подобар и има шанса да се врати во акција за мечот на „Селхрст Парк“. Ова на денешната прес-конференција го откри Јирген Клоп, кој додаде дека во моментов нема намера да доведе нов централен дефанзивец на местото на повредениот Жоел Матип.

„Алисон изгледа добро, но не знам дали е доволно добар за да игра. За МекАалистер работите не изгледаат добро во моментов. Мораме да ја следиме ситуацијата од ден на ден. Не очекувам да биде подготвен за утре. Сигурен сум дека клубот ќе ја покаже својата класа. Мора да донесеме одлука за Матип и како ќе изгледаат работите по оваа повреда. Има ли шанси да потпише нов договор? Би рекол да, но не зависи од мене“, дополнил Клоп.

ПретходноСтрумица и Работнички со максимални победи ги отворија новите кола
СледноАлкалоид убедлив со Драчево, Голден Арт ја доби суперлигашката пресметка со Аеродром