Навивачите ги чекаа играчите, наместо фотографија добија „среден прст“ (ВИДЕО)

1193

Бенфика беше апсолутен фаворит на домашен терен на мечот против Фаренсе , но на крајот успеа да се спаси од пораз, а немаше сили за пресврт.

На натпреварот имаше голема тензија, а се продолжи и по натпреварот бидејќи дел од навивачите ги чекаа играчите да се фотографираат.

Играчите беа налутени од прозивките на нивните навивачи за време и по натпреварот, а некои решија да го покажат тоа.

Еден од нив е Артур Кабрал кој реши да испрати „порака“ до фановите кои го чекаа да се фотографираат со него.

Тој само помина покрај нив со својот автомобил и реши да им покаже среден прст.

 

ПретходноГостивар нема пораз од 17 септември, последен пат загубил од денешниот ривал, од “лавовите“!
СледноВМФЛ: За крај на есенската полусезона Беса ја дочекува Победа, Пелистер пред лесни три со Осогово