Копчар: По денешното криминално судење во Гостивар спонзорите најавија заминување од Ѓорче!

26767

Македонија ЃП и дефинитивно беше оштетена во финишот на денешната средба во Гостивар, каде при резултат 0:0 судијата Стојанче Стојанов не покажа чист пенал за “лавовите“ по “крвничкиот“ старт на Атиемвен врз Пецов.

Веќе во следниот напад на другата страна, Стојанов покажа пенал за Гостивар, па така место да слави со 0:1, тимот од Ѓорче го загуби овој натпревар. Ова се случуваше во 86.-87.минута на средбата.

По мечот “лавовите“ излегоа со официјална реакција, побараа оставки од челните луѓе во Судиската комисија а за “СпортСпорт“ свој коментар имаше и првиот човек на клубот од Ѓорче, Љупчо Копчаровски:

А што да се каже по ваквото криминално судење? Па целата јавност виде дека ние сме оштетени за чист пенал. Уште полоша вест за сите нас во клубот е таа дека по денешното криминално судење спонзорите најавија заминување од клубот. Едноставно не сакаат да финансираат повеќе кога имаме вакво судење. И ако навистина биде така тогаш после 1 јануари 2024 година јас останувам сам во Македонија ЃП во раководната структура и најавувам ако биде така тогаш тимот нема да биде во можност да игра во ПМФЛ во пролетниот дел“ истакна Копчар.

ПретходноИлиоски се пласира во полуфиналето на ЕП во мај тај!
СледноКуп на Македонија: Мулти Есенс убедливо низ Велес