Неговиот тим на гостувањето кај Базел славеше со 0-1 во дербито на 17. коло во тамошниот шампионат. Единствениот гол беше ремек дело на Бабунски кој погоди во 72. минута од натпреварот.
Ова за Дориан беше втор лигашки погодок во дресот на Грасхоперс, тим кој со 20 бода е на 7 позиција на табелата.