Пред 18 години Ц. Звезда го “откачила“ Пеп Гвардиола!

1528

Деновиве медиумите во Србија се присетуваат на летото 2005 година кога на чело на клубот како претседател дојде Драган Стојковиќ – Пикси за на тренерската клупа седнал Валтер Зенга,кој го наследил Ратко Достаниќ, екс тренерот на Вардар и Работнички.

Во време на летниот преоден рок Пикси и Зенга посакувале да доведат и квалитетни странски играчи, некои успеале да донесат некои не, но интересно било што во тој преоден рок на “црвено – белите“ им бил понуден играч на Ал Ахли, а неговото име било Пеп Гвардиола!

Славниот играч на Барса, а сега еден од најдобрите тренери во светот, му завршил договорот со тимот од Катар и му се играло уште сезона – две. Сепак Пикси и Зенга не биле заинтересирани за ветеранот Пеп.

Што ти е фудбалот, што ти е животот.

ПретходноПМФЛ: Вардар на мегдан со Тиквеш, Работнички гостува во Охрид, Силекс под Шара а Брера го дочекува Шкупи!
СледноПроблемот е решен: Анчелоти му кажал една реченица на Модриќ