Напаѓачот на Рома, Пауло Дибала, сигурно ќе ги пропушти натпреварите од Лигата на Европа против Шериф Тираспол и Болоња во Серија А следниот викенд, а би можел да се врати на мечот против Наполи на 23 декември, пишуваат италијанските медиуми.
Аргентинецот беше принуден да го напушти теренот во првото полувреме од ремито 1-1 на Рома со Фиорентина вчера поради повреда на мускулот на левата бутина. „Скај Спорт Италија“ објави дека повредата на Дибала не е толку тешка како што првично се очекуваше.
Напаѓачот беше навреме сменет за да се избегне посериозен проблем.
И Ромелу Лукаку ќе биде надвор од теренот против Болоња откако доби црвен картон во пресметката со „виолетовите“.