МЗТ Скопје лесно го реши Кожув

68

МЗТ Скопје го задржа лидерското место, откако вечерва на домапен терен ја оправда фаворитската улога против Кожув совладувајќи го со 79-65. Актуелниот македонски првак ја запиша 11 победа во Првата лига.

Најефикасен во редовите на домашниот тим беше Војдан Стојановски со 18 поени, Вокри и Баковиќ имаа дабл-дабл. Првиот постигна 12 поени и 10 скока, вториот 11 поени и исто толку скока.

На другата страна кај гостите, Слатер имаше 14 поени и 6 асистенции.

МЗТ Скопје ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар, поведе со 26-11 по првите десет минути. На полувремето беше 40-32. Нова добра четвртина за македонскиот првак значеше и водство од 55-43 пред стартот на последниот период.

ПретходноСити без првотимците ја победи Звезда во Белград и остана перфектен!
Следно„Делиите“ го „пецнаа“ Сити: Кога фудбалот не беше само пари – светски шампиони 1991!