Српската легенда на клупата на Италија

285

Легендарниот српски кошаркар, Александар Ѓорѓевиќ ќе биде нов селектор на Италија, велат информациите од оваа земја.

Ѓорѓевиќ на клупата на оваа репрезентација треба да дојде на местото на Џанмарко Поцеко.

Србинот има искуство како селектор, тој ја предводеше Србија во периодот од 2013 до 2019 година, беше европски и светси вицепрвак, и освои сребро на ЛОИ.

Ѓорѓевиќ во овој момент е тренер во Кина, а во својата кариера ги водеше Виртус Болоња, Фенербахче и Панатинаикос.

ПретходноУЕФА го казни Лацио со 60.000 евра и нареди затварање на два сектори на трибините
СледноАлександар Јончевски има нов клуб