Одбојкарите домаќини на еден турнир од Европската Златна лига 2024

245

Македонската одбојкарска репрезентација ќе биде дел од Европската Златна лига 2024, којашто првпат ќе биде организирана со лигашки формат. Сите 12 репрезентации кои ќе бидат дел од натпреварувањето ќе одиграат по шест натпревари со различни противници на вкупно три турнири, а секоја федерација ќе организира по еден турнир. Потоа ќе биде одредена конечната табела, од која четирите најдобри селекции ќе одат во полуфиналето.

Исто како годинава, Хрватска ќе го организира завршниот турнир, на 15 и на 16 јуни, така што „коцкестите“ се сигурни учесници на финалниот турнир, заедно со три други најдобри селекции.

Македонија ќе биде домаќин на првиот турнир во периодот од 17- 19 мај. Вториот турнир меѓу 24-26 мај ќе се одржи во Белгија, а потоа од 31 мај до 2 јуни ќе има трет турнир во Хрватска.

Натпревари на Македонија

Турнир 1 (Македонија)

17.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Естонија

18.05.2024 Чешка – Естонија

19.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Чешка

Турнир 2 (Белгија)

24.05.2024 Азербејџан – Белгија

25.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Азербејџан

26.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Белгија

Турнир 3 (Хрватска)

31.05.2024 МАКЕДОНИЈА – Хрватска

01.06.2024 МАКЕДОНИЈА – Шпанија

02.06.2024 Хрватска – Шпанија

ПретходноЕкс-играчот на Јунајтед удри по својот некогашен тим: Срамота е за завршиш зад Копенхаген и Галатасарај
СледноКЛ: Фенер обезбеди европска пролет, Ференцварош го фати „последниот воз“