Квадрадо мора на операција, Интер ќе мора да пазари во јануари

182

Фудбалерот на Интер, Хуан Квадрадо повторно е повреден, а клубот стравува дека тоа значи неизбежна операција.

Интер може да биде принуден да биде активен на претстојниот трансфер пазар, откако Квадрадо повторно ја повреди Ахиловата тетива. Десниот крилен бек поради повредата има само девет настапи во сите натпреварувања од летниот трансфер од Јувентус.

„Скај Спортс Италија“ пишува дека 35-годишниот Колумбиец ќе оди на операција, што значи подолга пауза за искусниот фудбалер. Матео Дармијан е природна замена за Квадрадо, но тој често ги пополнува празнините во централната одбрана, меѓу другите и за повредениот Стефан де Врај.

ПретходноПретседателот „тепач“ доживотно отстранет од фудбалот, казни има и за Анкарагучу
СледноКЛ: Динамо (З) и Ристовски со победа заверија осминафинале