Па, не бадијала е најдобриот кошаркар во НБА. Тоа го може само Никола Јокиќ и никој друг. Србинот во дресот на Денвер утринава го направи она што досега во историјата го нема направено. Имено Јокиќ прв дојде до најмалку 10 трипл-дабл во седум сезони во серија.
Центарот на Денвер учествуваше во победата на својот тим над Бруклин со 26 поени, 15 скокови и 10 асистенции.
Да повториме, ваков скор досега нема никој во историјата на НБА, само Никола Јокиќ. Затоа е еден и единствен.
Да кажеме дека Денвер победи со 124:101.
Лука Дончиќ во дресот на Далас имаше одличен настап, успеа да постигне 39 поени за 39 минути на паркетот против Минесота, имаше и 13 асистенции и 6 скокови. Но и тоа беше премалку ако се знае дека “волците“ победија со 119:101.
На останатите мечеви во НБА се постигнаа следните резултати:
Бостон – Кливленд 116:107, Мајами – Чикаго 116:124, Портланд – Јута 114:122, Сакраменто – Оклахома 128:123, ЛА Клиперс – Голден Стејт 121:113.