Само тројца македонски фудбалери напролет во европските натпреварувања на УЕФА!

392

Синоќа и официјално заврши групната фаза во ЛЕ и ЛК, претходно завршија и натпреварите во ЛШ. Ждрепката за следната елиминациска фаза во овие три натпреварувања ќе се одржи во понеделник во Нион.

Ние не можеме да се пофалиме дека ќе имаме некој наш клуб, тоа за нас е научна фантастика, но сепак ќе имаме свои претставници и тоа тројца.

Имено Елиф Елмас со својот Наполи ќе игра во осминафиналето во Лигата на Шампионите, а Аријан Адеми и Стефан Ристовски со нивниот Динамо Загреб исто така ќе имаат европска пролет, но во Лигата на Конференции.

И толку…

Под услов се разбира ако во зимскиот преоден рок не направат трансфер во некој друг клуб.

ПретходноВо пресрет на ЕУРО 2024: Србија си закажа пријателска со Русија?!
СледноПознато е зошто Мбапе “збесна“ на својот тренер!