Ленс Армстронг откри како со години ја лажел антидопинг комисијата

796

Десет години по фамозмното интервју на Ленс Армстронг со Опра Винфри во кое велосипедистот призна дека се допингувал за да победи на седум изданија на Тур де Франс, сега веќе пензионираниот спортист открива и детали како го години ја мамел антидопинг комисијата. Тоа Армстронг го откри во подкаст.

Во извесна смисла, со тоа го изигрував системот, но тоа што секогаш го говорев – и не се обидувам да го оправдам тоа што реков дека би го повторил – но една реченица беше: ‘Тестиран сум 500 пати и никогаш не сум паднал на допинг контрола.’ Тоа не е лага. Тоа е вистина. Немаше начин да се избегне контролата.

Тие ги анализираа примероците, но реално е дека супстанците кои ги користев, посебно оние кои најмногу ги подобруваа моите перформанси, кратко се задржуваат во организмот. Ги избегнував оние кои подолго се задржуваат во човечкото тело. На пример, не можете да пушите џоинт и да седнете да возите…. И за две недели ќе имате позитивен тест на марихуана, затоа што се задржува долго во организмот. Со EПO, кое е врвно гориво што го промени не само велосипедизмот, туку и сите спортови на издржливост, има период на „живот“ четири и пол часа. Многу брзо го напушта телото. Четири и пол часа… Само треба само да се направи математика“, изјави 52-годишниот Американец.

Ленс Армстронг вели дека прави пресметки пред да ја земе супстанцијата. Земајќи ја пред да започне, па до моментот кога ќе стигне до целта таа веќе да биде исчезната од телото.

ПретходноСупер-лигата следната сезона ќе брои 12 екипи, има промени во системот за натпреварување
СледноЕлмас e повреден, ќе го пропушти мечот со Каљари