Јунајтед без најдобриот дефанзивец на Енфилд, но со Шо и Рашфорд

140

Најдобриот одбранбен фудбалер за ноември, Хари Мегваер ќе го пропушти мечот на Манчестер Јунајтед против Ливерпул во недела поради повреда, кажа менаџерот Ерик тен Хаг. Англискиот репрезентативец има истегнување на мускулот и беше заменет предвреме на дуелот со Баерн во ЛШ. Но во тимот за мечот со лутиот ривал се враќаат Лук Шо и Маркус Рашфорд. Шо исто така беше повреден на мечот со Баерн но почна да тренира и е во комбинација за настап, а Рашфорд го пропушти тој меч поради болест но сега е спремен.

„Хари нема да биде на располагање извесен период, но повредата не е од потешка природа и тој нема да биде долго надвор од терените“, кажа Тен Хаг.

Јунајтед ќе биде и без капитенот Бруно Фернандеш кој има картони. Тен Хаг не откри кој ќе биде капитен. Јунајтед беше демолиран со 0:7 при последното гостување на „Енфилд“ во март.

„Играчите не се исплашени порадио резултатот од минатата сезона. Беше непријатно искуство, но сега мечот почнува од 0:0. Во тој меч во првото полувреме игравме добро, а потоа слабо. Сега екипата е различна. Сигурен сум дека играчите сега ќе се борат од првата до последната минута. Минатата година е минато. Тоа што можеме да промениме е иднината. Во недела е нов меч, нова шанса за победа“, коментира Тен Хаг.

ПретходноУрава ќе биде противникот на Манчестер Сити во полуфиналето на СКП
СледноИграчите го спасија тренерот од отказ