Ван де Бек се договори со Ајнтрахт

108

Холандскиот интернационалец Дони ван де Бек ќе го напушти Манчестер Јунајтед во насока на Бундес лигата. Неговиот нов клуб е Ајнтрахт Франкфурт со тоа што играчот ќе оди на позајмица до крајот на сезоната, а германскиот клуб има опција да го откупи неговиот договор за 15 милиони евра.

Двете страни се договориле, а трансферот ќе се реализира на првиот ден од зимскиот преоден рок. Со тоа Ван де Бек ќе има можност да си ја спаси кариерата која е во вртоглав пад по трансферот во Манчестер Јунајтед.

Тој потекнува од школата на Ајакс, играше за првиот тим на Ајакс пред да отиде во Манчестер Јунајтед. Минатата сезона кратко играше за Евертон како позајмен фудбалер.

ПретходноЖозе Мурињо повторно казнет
СледноУрава ќе биде противникот на Манчестер Сити во полуфиналето на СКП