Анчелоти оваа зима ќе купува млад стопер од Ајакс

228

Одбраната е најголемата главоболка за Карло Анчелоти на клупата на Реал (М) оваа сезона. Според некои шпански извори, наводно мадриѓани не се задоволни од Алаба, а се уште не одлучиле дали ќе го продолжат договорот на Начо Фернандез.

Затоа, италијанскиот стручњак на клупата на Реал размислува да донесе нов играч во одбраната за време на зимскиот преоден рок, а изборот паднал на талент од Ајакс.

Станува збор за младиот 17-годишен стопер на Ајакс, Џорел Хато, кој оваа сезона беше прекомандуван во сениорскиот тим и забележа 23 настапи, а постигна и еден гол и додаде две асистенции. Останува да се види дали двајцата поранешни европски шампиони ќе се договорат за висината на обештетувањето и дали трансферот ќе биде комплетиран зимава.

ПретходноСП 2023: Светскиот првак Норвешка е првиот финалист
СледноЕвертон се збогува со „Гудисон Парк“, од 2025 влегува на новиот стадион