Како Даниел Димевски комотно го поминува обезбедувањето и оди кај записничката маса (ВИДЕО)

4489

Даниел Димиевски, првиот човек на МОК направи потег кој не доликува на еден претседател на Македонски Олимписки Комитет.

Тој се најде во центарот на скандалот на меч од Третата лига меѓу Водњански Лисици и Бутел Скопје, кој заврши со победа на домаќинот со кош постигнат во последната секунда.

Судијата веднаш ги призна поените на Водњански Лисици, но потоа одлучи да се консултира со својот помошник. Додека го правеше тоа, Димевски од трибините во СЦ „Јане Сандански“ се симна право кај записничката маса и се обиде на делегатот да му објасни дека кошот е постигнат во регуларно време.

Димевски воедно не се симна сам, без проблем го помина целото обезбедување. Се чини ги „измеша брзините“ си даде право да го стори ова бидејќи СЦ „Јане Сандански“ е под МОК, што пак е спротивно на сите правила.

Искуството не требаше да му дозволи да направи ваков непромислен потег, особено што тој во салата не е обичен гледач. Покрај што е претседател на МОК, тој е татко на еден од кошаркарите на Водњански Лисици.

Иако реакцијата изгледа смирена, сепак по неговата постапка, настанува хаос на теренот, прво од страна на гостинскиот терен, а потоа се вклучуваат сите.

Димевски наместо да биде добар пример, тој е спротивното…

Во продолжение можете да го видите и целиот момент од последниот коша на Водњански Лисици до реакцијата на Димевски и мешаницата на теренот.

ПретходноРајо не издржа: Столе прими гол во продолжението за пораз од Осасуна
СледноРишарлисон и Кулушевски за победа на Тотенхем