Франција е вториот финалист на женското светско првенство. Французинките со Норвешка ќе ги одмерат силите во финалето в недела.
Во второто полуфинале вечерва, Франција ја декласира Шведска со 37:28 (19:11).
Најефикасни кај Франција беа Хорачек со девет гола, Минко, Валентини и Фопа постигнаа по четири гола. За Шведска Хагман постигна пет гола, а Блом и Карлсон по четири.