На отворањето на 17-тото коло во Премиер лигата екипата на Тотенхем со 0:2 рутински ја совлада екипата на Нотингем Форест. Иако “шумарите” имаа играч повеќе од 70-тата минута по исклучувањето на Бисума, сепак не успеаја да и направат проблеми на екипата на Постекоглу.
Резултатот го отвори Ришарлисон во 47-та минута, додека вториот гол за Тотенхем го постигна Кулушевски во 65-тата минута. До крајот на натпреварот мрежите мируваа и Тотенхем стигна до нови три бода во трката за место во ТОП 4.
По овој меч Тотенхем остана на петтото место, додека Нотингем ја задржа 16-тата позиција.