Борусија (Д) го губи здивот, само реми против Аугзбург (ВИДЕО)

51

Борусија (Д) полека. но сигурно ја губи трката за врвот во германската Бундеслига. Иако „милионерите“ покажаа одличен фудбал во Лигата на шампионите, на домашната сцена „каскаат“ зад конкуренцијата, а трендот продолжи и по денешното гостување кај Аугзбург, откако средбата заврши само нерешено, 1:1.

Домашните поведоа во 23. минута со голот на Демировиќ, а Мален донесе израмнување за гостите во 35. минута. До крајот на мечот резултатот остана непроменет.

Унион Берлин, пак, беше торпедиран на гостувањето кај Бохум со 3:0, додека екипата на Волфсбург со играч помалку славеше на гостувањето кај Дармштад со 1:0. Победа обезбедија и фудбалерите на Хајденхајм и тоа на гости кај Мајнц од 1:0.

Standings provided by Sofascore

 

 

ПретходноГолеада: Марио Илиевски и Боби Николов постигнаа три гола во победата на Кишварда (ВИДЕО)
СледноКапитенот на Лутон колабираше, итно пренесен во болница, мечот во прекин (ВИДЕО)