Светското клупско 2025 ќе трае 29 денови, познати се дел од 32. учесници

1088

Дури 12 учесници ќе има на Светското клупско првенство во 2025 година кое ќе се одржи во Соединетите Американски Држави, одлучи ФИФА. Засега три се сигурни:
Челзи, Реал Мадрид и Манчестер Сити како победници на претходните изданија на ЛШ почнувајќи од 2021 година.
Сигурно место ќе има и победникот на 2024 година. Останатите учесници ќе бидат познати по УЕФА коефициентот во последните пет години.
Шампионатот ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули 2025 година, а вкупно ќе учествуваат 32 клубови поделени во осум групи со по четири тимови со тоа што првите два ќе се квалификуваат во нокаут фазата.

Азија ќе има четворица учесници, а Ал Хилал (Саудиска Арабија) и Урава (Јапонија) си обезбедија место како азиски шампиони во 2021 и 2022 година.
Од Африка сигурни се Ал Ахли (Египет) и Видад Казабланка (Мароко) како шампиони на Африка во 2021 односно 2022 година.
Од КОНКАКАФ зоната засега сигурни се Монтереј и Леон (двата од Мексико) и Сиетл Саундерс (САД).
Од Јужна Америка учество ќе земат бразилските Палмеирас, Фламенго, Флуминенсе и уште тројца други клубови. Од Океанија еден клуб.

ПретходноГолема борба и тесна победа за Лирија во тетовското дерби
СледноАрсенал се врати на врвот, Астон Вила со фантастичен пресврт до победа