Струмица ја потврди есенската доминација со убедлив триумф во градското дерби

180

Одбојкарките на Струмица на фантастичен начин ја заокружија полусезоната на домашната одбојкарска сцена. Со 14-та победа во исто толку одиграни средби, тимот на тренерот Кончалиев покажа дека е доминантен и прв фаворит за титулата оваа сезона.

Во последниот есенски дуел во големото струмичко дерби, Струмица со максимални 3:0 го порази Наковски Волеј и самоуверено остана да владее од првото место на табелата. Во останатите дуели од ова коло, Јанта Волеј обезбеди важна победа над Младост УДГ со 3:1, а без проблеми Работнички и Фит Фан Волеј обезбедија триумфи над двоецот со предзнак Вардар.

Прва лига (жени), 14. коло

Струмица – Наковски волеј               3:0 (25:17, 25:18, 25:9)

Јанта волеј – Младост УГД                  3:1 (25:21, 20:25, 25:21, 25:22)

Вардар 2019 – Работнички Скопје       0:3 (8:25, 25:27, 9:25)

Вардар ЕМ – Фит фан волеј                0:3 (24:26, 19:25, 20:25)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (40); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (28); 4. Работнички (26); 5. Фит Фан Волеј (19); 6. Младост УДГ (14); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).

ПретходноМилан ја победи Монца 3:0, деби гол на тинејџерот Симиќ
Следно„Лавовите“ го доведоа првото засилување: Бразилецот Да Силва за посилна дефанзива