Хајдук грабна бод на „Максимир“, Адеми испиша историја!

527

Големото дерби во хрватска меѓу екипите на Динамо (З) и Хајдук заврши со непопуларните 0:0, кои многу повеќе им одговараат на гостите кои ја задржуваат водечката позиција на табелата. Динамо почна со нашите Ристовски и Адеми, имаше иницијатива, дури и постигна еден гол, кој беше поништен од ВАР. Хајдук успеа да се одбрани и да го сочува лидерското место на табелата.

Кај гостите Александар Трајковски остана на клупата, откако беше јасно дека поради повредата има мали шанси за настап на денешниот дуел.

Мечот го одбележи капитенот на Динамо, нашиот репрезентативец Аријан Адеми кој почна во стартниот тим на „модрите“ и стана рекордер по бројот на настапи на натпреварите меѓу Динамо и Хајдук. Настапот на Адеми на денешниот натпревар беше 37. за Динамо во најголемото хрватско дерби и со таа бројка го зазеде првото место на листата на играчи со најмногу настапи во нив.

ПретходноМладите поразени од Романија во мечот за прво место на „Трофеј Карпати“
СледноЈунајтед се одбрани на „Енфилд“, реми без голови во големото дерби