Академија ФМП имаше сили за едно полувреме против Еуро Никел

62

Еуро Никел дојде до убедлива победа против Академија ФМП, на домашен терен славеше со 94-77 во рамките на 12 коло во Првата лига. Кавадарчани во второто полувреме го урнаа отпорот на противникот, за деветти триумф сезонава со кој се вратија на второто место на табелата, на другата страна скопскиот состав го запиша десетиот пораз, има уште две победи.

Кавадарчани имаа водство во голем од првата четвртина, но тоа не беше доволно за мирен тек на теренот. На одморот резултатот беше 56-52. Голем чекор напред, Еуро Никел направи во третиот период го доби со 22-15 и полека почна да го гради патот кон триумфот, кој на крајот беше и убедлив.

Меквин со 23 поени беше лидер, зад него беше Глигоријевиќ со 18 поени и 11 скоја, 15 поени имаше Дубински. Кај поразениот тим, Брукс имаше 19 поени.

ПретходноЈунајтед се одбрани на „Енфилд“, реми без голови во големото дерби
Следно„Наместо Модриќ го земавме Кагава, сето останато е историја“