Франција е новиот светски првак, во финалето ја совлада Норвешка со 31-28 и Мундијалот го завршува перфектно без пораз со девет победи во исто толку одиграни меча и два триумфи токму против бранителот на тронот.
За „триколорите“ ова трето злато на Светските првенства, до истото дојде заслужено бидејќи одигра феноменален и моќен меч.
Финалето ги оправда очекувањата, видовме брз ракомет, со мајстории на двете страни. Норвешка беше поубедлива на стартот имаше позитива од два гола (5-7, 7-9). Франција нешто подоцна со два гола во низа поведе со 15-13, а потоа дојде на 17-14. И тука не застана, успеа да дојде на плус четири (19-15 и 20-16), на одморот Норвешка намали на 20-17.
Во вториот дел Франција ја имаше контролата на резултатот со тоа што норвешките ракометарки успеаја да ја симнат предноста од четири гола и да дојдат на минус еден (26-25). На стартот на последните десет минути Норвешка промаши напад за минус еден со играч повеќе, а потоа и загуби две топки, по што „триколорите“ и поведоа со 29-25 во 53 минута.
Норвежанките се разбудија, па со два гола во низа намалија на 29-27. Една од најмладите ракометарки на Франција, Грандво постигна важен гол за 31-28 и „триколорите“ почнаа да чекорат кон победата.
Грандво и Хорачек со по пет гола беа најефикасни во таборот на новите светски шампионки, по четири погодоци постигнаа Валентини и Канор, на другата страна Офтедал имаше шест погодоци, додека Реистад пет.