Баерн Минхен им се врати на победите по срамниот пораз во минатото коло од Ајнтрахт (5-1). Баварскиот гигант на домашен терен славеше против Штутгарт со 3-0 во рамките на 15 коло во Бундес-лигата.
Ова беше меч во кој главниот судија по консултација со ВАР им поништи два гола на домашните фудбалери во првото полувреме. Откако Хари Кејн уште во втората минута донесе водство од 1-0, прво беше поништен голот на Ким Мин-Јае, а пред крајот на првиот дел поради офајд беше поништен и голот на Милер.
Кејн со вториот погодок на мечот, во 55 минута зголеми на 2-0, додека во 63 минута Ким Мин-Јае сепак успеа да се запише во листата на стрелци, зголеми на 3-0. Ова беше и конечниот резултат на средбата.
Баерн Минхен стигна до единаесеттата победа сезонава и вкупно има 35 бодови, но и меч помалку во однос на првопласираниот Баер Леверкузен.