Јокиќ VS Дончиќ: На теренот беше жестоко, а по мечот како да се браќа! (ВИДЕО)

980

Никола Јокиќ иако беше далеку од своите вообичаени бројки, сепак со неговиот Денвер успеа да слави против Далас на Лука Дончиќ. Пред мечот Србинот како добар домаќин го пречека Словенецот, заедно влегоа во Арената. За време на мечот беше жестоко, како да се “крвни“ непријатели, а по мечот срдечни поздрави, како да се браќа.

Така и треба, така се однесуваат две мега – ѕвезди на кошарката во светот.

Сепак најинтересно беше на самиот почеток кога Лука тргна сам кон кошот на Денвер, тука го презема Никола и просто го “залепи“ со фаул својот пријател Дончиќ.

Се разбира дека немаше никакви замерки.

ПретходноИ Енрике си призна: Мбапе прави што сака, ни тренерот не смее да му “писне“!
СледноМанчестер Јунајтед го спрема најголемиот трансфер во историјата на клубот?!