Манчестер Јунајтед го спрема најголемиот трансфер во историјата на клубот?!

5781

И покрај сите лоши резултати, и покрај тоа што беше пред отказ, се чини дека Ерик Тен Хаг најверојатно останува и натаму менаџер на Манчестер Јунајтед. Најголем доказ за тоа е што Сер Џим Ратклиф, човекот кој има 25% од клубот имал разговори со Холанѓанецот во врска со наредните два преодни рокови.

Станало збор за тоа кој играч би можел да биде донесен во текот на јануарскиот зимски трансфер пазар. Изборот паднал на Нико Вилијамс (21) од Билбао, помалиот брат на Инаки, кој исто игра за тимот од Баскија.

Медиумите истакнуваат дека ако Нико дојде на “Олд Трафорд“ во јануари, тоа би бил најголемиот трансфер во историјата на Јунајтед и дека оној на Пол Погба од 105 милиони евра би паднал на второто место.

Не се “оперира“ со точна бројка, се наведува дека Вилијамс нема да дојде во Манчестер за помалку од 110-115 милиони евра.

ПретходноЈокиќ VS Дончиќ: На теренот беше жестоко, а по мечот како да се браќа! (ВИДЕО)
СледноЕве зошто Џирона може да биде шампион во Ла Лига!