Селекторот прв даруваше крв: ФФМ организираше крводарителска акција! (ФОТО)

205

Фудбалската федерација на Македонија во соработка со „Црвен крст“ и со Институтот за трансфузиона медицина во „Куќа на фудбалот“ организираше крводарителска акција во која учествува вработени во федерацијата и надворешни соработници кои доброволно се вклучија во повикот за несебична помош и солидарност.

Повеќе од 40 пријавени изразија волја за крводарување, а беа собрани вкупно 32 крвни едниници.

Во оваа трансфузија на љубовта, секоја крвна група си имаше свој херој. Меѓу дарителите на највредниот подарок беше и селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски кој со личен пример придонесе за подигнување на свеста за крводарување и со тоа посведочи дека секој од нас може да спаси живот.

Со крводарителската акција „Највредниот подарок. Капка полна живот“ ја истакнуваме заложбата за хуманост која е цел и ориентација на сите вработени во федерацијата.

Доброволното крводарителство станува дел од традицијата на Фудбалската федерација на Македонија како доказ за социјално – етичкиот концепт и одговорност.

May be an image of 1 person and text

May be an image of 2 people, acupuncture, hospital and text

May be an image of 1 person, hospital and text

May be an image of 5 people and text

May be an image of 1 person and text

May be an image of 14 people and text

May be an image of 3 people, people studying, chess, clothes iron, hospital and text

May be an image of 1 person and text

May be an image of 5 people, people studying, table, phone and text that says 'adidas'

ПретходноПепе и неговите глупости: Судија, не беше намерно! (ВИДЕО)
СледноОна кога човекот од обезбедувањето го убедуваш дека си Занети, а тој ти бара акредитација! (ВИДЕО)