Враќањето на Абдула Авчи на кормилото на Трабзон повторно му создаде проблеми на македонскиот репрезентативец Енис Барди. Тој не играше често кога Авчи претходно беше тренер, под раководство на Ненад Бјелица македонскиот репрезентативец беше стандарден. Но откако се врати Авчи, Барди повторно е на клупата, но не само тоа, тој е ставен на листата од шест фудбалери кои во јануари ќе треба да си одат.
За Барди има интерес и се очекува нашиот играч бргу да најде нов клуб. Се шпекулира со Унион Берлин каде што тренер е Ненад Бјелица, или во некој друг германски или шпански клуб.